Американската вселенска агенција НАСА денеска лансираше ракета во првата мисија која ќе се обиде да ја промени патеката на движење на астероид. Ракетата е лансирана од базата Ванденбург во американската сојузна држава Калифорнија.
Пробната мисија наречена ДАРТ се извршува со помош на ракетата Фалкон 9 на компанијата СпејсИкс.
НАСА ја пренесуваше снимката од лансирањето во живо.
Со оваа мисија НАСА ќе ја тестира технологијата која еден ден би можела да измести астероид од курсот на движење.