Aвтопатот на кој се случи несреќата отворен за сообраќај

Местото каде што се случила несреќата

Автопатот „Струма“ во правец кон Софија повторно е отворен за сообраќај. Коловозната лента во реонот каде се случи несреќата на автобусот со македонски патници останува затворена.
Во вчерашната автобуска несреќа загинаа 46 луѓе, а седум се повредени. Остатоците од автобусот се отстранети и однесени во Перник.

Според најавите, работна група на регионалното министерство треба да почне истрага. Формиран е тим со претставници на Агенцијата за патна инфраструктура и од Дирекцијата за национална контрола во градежништвото, кој во рок од пет дена треба да изврши увид и проверка на тротоарот, патната сигнализација, рестриктивните системи и хоризонталното обележување.

Врз основа на наодите од увидот и проверките треба да презентира извештај за состојбата на делницата, како и да процени какви мерки ќе се преземат за нејзино обновување.