Шефовите на руската и американската армија разговарале по телефон

Шефот на американските здружени сили, генерал Марк Мили (лево) со неговиот руски колега Валериј Герасимов за време на нивниот состанок во Хелсинки, 22 септември 2021 година

Највисоките воени претставници на САД и Русија разговарале телефонски, соопшти руското Министерство за одбрана. Министерството соопшти дека командантот на руските здружени сили, генерал Валериј Герасимов, разговарал со својот американски колега, командантот на американските здружени сили, генерал Марк Мили, „за актуелни прашања поврзани со меѓународната безбедност“, без да даде дополнителни детали.

НАТО ја предупреди Русија за „невообичаено“ зголемување на трупи во близина на Украина

Во последните денови, САД, НАТО и Европската унија постојано изразуваат загриженост поради движењето на руските трупи околу Украина, каде на истокот на земјата од 2014 година трае конфликт меѓу украинските сили и проруските сепаратисти. Москва негира дека има какви било воинствени намери и ја префрла одговорноста на Западот кога Киев ја изрази својата намера да купи дополнително „одбранбено“ оружје.

Путин мора да одговара за поткопување на демократијата во САД

Герасимов и Мили се сретнаа во септември во Финска каде, според Москва, разговарале за спречување воени инциденти меѓу нивните две земји. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров завчера изјави дека се разговара за „непосреден“ контакт меѓу претседателите Владимир Путин и Џо Бајден, но додаде дека датумот на средбата и другите параметри сѐ уште се разгледуваат.