Бугарското министерство за надворешни работи сооопшти дека во своите надлежности ќе им пружи целосна помош на македонските власти во врска со несреќата на автопатот Струма.
Министерството за надворешни работи и Амбасадата на Бугарија во Скопје се во постојан контакт со македонското МНР и со нејзиното дипломатско претставништво во Софија, се додава во соопштението.
Од надлежните бугарски институции е побарано да се обезбеди приоритетен и непречен влез во Бугарија на роднините на загинатите и повредените, како и на претставници на медиумите од земјава со оглед на хуманитарниот аспект на случајот.
Бугарското Министерство во рамките на своите надлежности дава помош и на тим лекари од судска медицина, како и на вработени во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, кои ќе пристигнат во Бугарија во врска со несреќата, се нагласува во соопштението.
Автобуската несреќа во која загинаа најмалку 46 македонски државјани се случи синоќа некаде два часа по полноќ на автопатот „Струма“, во близина на Перник. Македонските државјани биле на враќање од Истанбул, каде што заминале на 18 ноември.