Тридневна жалост прогласи Владата попладнево на седница. Одлуката за прогласување тридневна жалост во Македонија е поради автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 46 лица, потврдија за МИА од владината прес-служба.
За денови на жалост се прогласени денешниот ден, утре и задутре, односно од 23 ноември заклучно со 25 ноември (вторник, среда и четврток), а за време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија, како и на дипломатските претставништва на земјата во странство, ќе биде истакнато на половина копје. Се одлагаат сите јавни настани, а медиумите треба да ги прилагодат своите содржини соодветно на прогласената тридневна жалост, соопштија од Владата.
Во автобуска несреќа на македонски превозник во Бугарија ноќеска загинаа 46 луѓе, а седум се повредени.