Бугарија презеде навремени активности за расветлување на причините за автобуската несреќа, за идентификување на загинатите, за давање помош и лекување на настраданите, и очекува поддршка од македонските институции, на кои е подготвена да им ги обезбеди сите информации за случајот, се наведува во соопштението на кабинетот на претседателот Румен Радев по средбата со премиерот на Македонија Зоран Заев.
Заев заедно со министрите Венко Филипче и Бујар Османи се во Бугарија по автобуската несреќа на македонски автобус во Бугарија. На средбата меѓу Заев и Радев и двајцата изразиле сочувство со семејствата на загинатите и на повредените, а Заев изразил сочувство и за несреќата во која вчера загинаа девет лица во пожар во дом за стари лица во селото Ројак во Бугарија.
Тим на МВР во Бугарија ќе им помага на своите колеги во истрагата. И јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески заедно со бугарските истражители ќе го посети местото на несреќата, а двајца дипломати на МНР во Бугарија се испратени да помагаат со процедурите по несреќата.
Заев имаше средба, а потоа одржаа и заедничка прес-конференција со бугарскиот премиер Стефан Јанев, на која најавија дека и во двете држави ќе има денови на жалост.
Вадата на Македонија во 12 часот започна седница со која претседава првиот вицепремиер Артан Груби на која ќе се донесе одлука за прогласување денови на жалост.