Кризен штаб во врска со автобуската несреќа функционира во Министерството за надворешни работи, информираат од Министерството.
„Двајца наши вработени се упатени на испомош во Амбасадата на Северна Македонија во Софија со цел да помогнат околу сите процедури поврзани со трагичниот настан. За оваа цел, Министерството за надворешни работи отвори специјална телефонска линија (075 273 73) на која сите загрижени граѓани, роднини и членови на семејствата ќе можат да се обратат за дополнителен совет“, соопштуваат од Министерството.
Министерот за надворешни работи, заедно од премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче се во Бугарија по автобуската несреќа во која загинаа 46 луѓе, а седуммина се повредени.