Ќе се затвори ли една од најстарите руски организации за човекови права?

Седиштето на Меморијалниот центар за човекови права во Москва.

Во Градскиот суд во Москва денеска ќе се одржат првични сослушувања за затворањето на Меморијалниот центар за човекови права, една од најстарите руски организации за човекови права.

Московското Обвинителство претходно овој месец побараа од Градскиот суд да нареди затворање на Меморијалниот центар за човекови права, додека руските федерални обвинители бараат Врховниот суд да нареди затворање на Меѓународниот меморијален центар за човекои права, главната организација под која се останатите центри. Овој потег предизвика широка осуда и во Русија и во странство.

Сослушувањето на Врховниот суд за потегот против Меѓународниот меморијален центар, е закажано за 25 ноември.

Вработените во Меморијалниот центар бараат сослушувањата да бидат отворени за јавноста. Сепак, многу правни експерти очекуваат постапката да се води зад затворени врати со оглед на чувствителноста на случајот.

Меморијалниот центар беше отворен непосредно пред распадот на Советскиот Сојуз, делумно за да се документира советската репресија. Во децениите оттогаш, тој продуцираше карактеристични показатели за состојбата со правата и документираше историски и тековни неправди.

Обидот за затворање на организациите е поради наводни прекршувања на контроверзниот руски закон за „странски агенти“.

Меморијалнот центар е меѓу неколкуте организации за човекови права и новински куќи кои беа означени како странски агенти. Русија го донесе законот за „странски агенти“ во 2012 и оттогаш постојано се надополнува и менува, а критичарите на него гледаат како на акција против граѓанското општество и критичарите на владата.

Според законот невладините организации кои добиваат странска помош, а владата смета дека се ангажирани во политичка активност, треба да се регистрираат како „странски агенти“ и да подлежат на ревизија.