Извршниот и Централниот одбор на СДСМ, како што во минатата недела најави лидерот на оваа партија и премиер Зоран Заев, денеска треба да ја констатираат неговата оставка како претседател на партијата, по што, според него, треба да започне процесот за избор на нов претседател на СДСМ. Заев смета дека новиот претседател на СДСМ треба да биде идниот мандатар за состав на влада на Северна Македонија. Според него, доколку се почитува Уставот, во случај тој сега да поднесе оставка од премиерската функција, до 14 декември нема да може да се избере нов премиер и нова влада, па логично е СДСМ да го искористи овој период за избор на претседател.
Мицкоски не очекува Заев да поднесе оставка
Заев најави оставка од двете функции поради поразот на локалните избори, но органите на неговата партија на 9 ноември одлучија да ја одложат оставката на двете позиции на неодредено време за да се стабилизира партијата, да се продолжи европскиот пат и да не се пропушти можноста за преговори со ЕУ ќе започне во декември.
Продолжуваат разговорите за владино мнозинство, Заев најави оставка во СДСМ во вторник
За денеска е најавен и состанок на раководството на Алтернатива кога треба да се одлучи дали ќе оваа партија ќе влезе или не во владината коалиција. Пратеници на оваа партија еднаш ја потпиша иницијативата за уривање на Владата, а сега дискутира за влез во истата. Лидерот на оваа партија, Африм Гаши по средбата со Заев, рече дека е задолжен да разработи две варијанти за решение.