Туѓо не сакаме, своето не го даваме...

СРБИЈА - Денеска во Макишко поле во Белград започна изградбата на депо за идното метро. На местото на изградбата се собраа екологисти и лидери на неколку опозициски партии, кои се противат на планот за изградба на метро во Белград, оти на тоа место е најголемиот извор на вода во Белград.

МАКЕДОНИЈА - Ако здравствените работници се промотори на невакцинирањето, ако не веруваат во науката и медицината, тогаш не би требало да бидат дел од здравството, изјави денеска проф. д-р Александра Грозданова од УКИМ и национална координаторка за имунизација.

МАКЕДОНИЈА - Основниот суд Скопје 1 го одби како неоснован предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор за обвинетиот Миле Јанакиески поврзан со настаните од 27ми април. според Кривичниот совет во судот во новиот предлог на Обвинителството не биле понудени доволно аргументи кои ќе го поткрепат определувањето на построги мерки.

МАКЕДОНИЈА - Во железничка сообраќајна несреќа во Битола тешко повредени се две деца, а нивната мајка која управувала со автомобилот што се судрил со локомотива се здобила со лесни телесни повреди.

ГЕРМАНИЈА / БЕЛОРУСИЈА - Германија повторно го отфрли предлогот на Алаксандар Лукашенко да прими околу 2.000 мигранти кои во моментов се наоѓаат на територијата на поранешната советска република. Претходно авторитарниот владетел на Белорусија Лукашенко ги обвини европските власти дека не се соработуваат со Минск за решавање на проблемот и предупреди дека тоа може да доведе до вооружен конфликт.

ЕРМЕНИЈА - Поранешниот ерменски претседател Серж Саркисијан се гони во нов случај за корупција, соопштија официјални лица и неговиот адвокат. Портпаролката на Антикорупцискиот Комитет потврди дека поранешниот претседател е обвинет, но без при тоа да се соопшти повеќе детали. Антикорупцискиот комитет беше формиран оваа година за гонење на кривични дела поврзани со корупција.

ИРАН - Шефот на Меѓународната Агенцијата на ОН за атомската агенција(МААЕ) Рафаел Гроси треба да го посети Техеран, пред разговорите со ирански претставници следната недела во Виена, чија цел е обновување на договорот од 2015 година меѓу Иран и светските сили.

МАКЕДОНИЈА - Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски денеска изјави дека не се гледа себеси како кандидат за премиерската функција.