Шефот на Меѓународната Агенцијата на ОН за атомската агенција(МААЕ) Рафаел Гроси треба да го посети Техеран, пред разговорите со ирански претставници следната недела во Виена, чија цел е обновување на договорот од 2015 година меѓу Иран и светските сили.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Хатибзадех, денеска изјави дека Техеран се надева дека посетата на шефот на МААЕ Рафаел Гроси ќе биде „конструктивна“.
Се очекува дека Гроси ќе се сретне со министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан и со, шефот на иранската организација за атомска енергија Мохамед Еслами, кој е и еден од потпретседателите на Иран.
Гроси последен пат го посети Техеран во септември, кога доби одобрение од Иран за меѓународен пристап до опремата за следење на иранските нуклеарни постројки.
Договорот од 2015 година, познат како Заеднички сеопфатен план за акција имаше за цел да ја ограничи нуклеарната програма на Иран во замена за олеснување на санкциите.
Соединетите Држави се повлекоа од договорот во 2018 година за време на тогашниот претседател Доналд Трамп, а Техеран оттогаш постојано ја засилува активноста во својата нуклеарна програма, вклучително и проширување на залихите на збогатен ураниум.