Сакаашвили ги повика САД да извршат притисок врз грузиската влада

Михаил Саакашвили

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили ги повика САД да извршат притисок врз владата на неговата земја, велејќи дека демократијата во Грузија е „во голема опасност“. Во отвореното писмо објавено од Политико вчера, Саакашвили изрази жалење за, како што рече, „загрижувачката ерозија на слободата и растечкото руско влијание“ во оваа јужнокавкаска земја.

Истиот ден, Саакашвили, кој е во притвор од 1 октомври по враќањето во Грузија по осум години самонаметнат егзил го заврши 50-дневниот штрајк со глад, и покрај тоа што продолжи да бара негово ослободување и префрлување во цивилна болница.

Саакашвили беше претседател на Грузија од 2004 до 2013 година. Во јануари 2018 година, тој беше осуден во отсуство во Грузија за злоупотреба на службената положба на три години затвор. Во јуни 2018 година, тој повторно беше осуден во отсуство за злоупотреба на службената положба на шест години затвор. Саакашвили и неговите поддржувачи велат дека обвиненијата биле политички мотивирани.