Борисов го обвини Радев дека ја скарал Бугарија со сите соседи

Бојко Борисов

Поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов го обвини претседателот и кандидат за втор мандат Румен Радев, дека само за една недела успеал да ја скара Бугарија со нејзините соседи.

Од најомилената земја на Балканот, според Борисов, Бугарија сега е скарана со сите соседи и се мрази со Северна Македонија и со Албанија, се мрази и со Турција и постои реална закана од етнички конфликт и закана од илегални мигранти.

Борисов истакна дека е срамно Радев да оди на средбите на врвот на НАТО, да ја раководи иницијативата „Три мориња“ и да кажува потоа, дека Крим и припаѓа на Русија.