Русија објави 1.252 смртни случаи од Ковид-19, четврти последователен ден со речиси рекордни смртни случаи во текот на целата пандемија. Русија е критикувана за евентуално манипулирање со статистиката на коронавирусот и потценување на последиците од пандемијата. Руската статистика вклучува случаи во украинскиот регион Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.
Русија, исто така, објави 36.970 нови инфекции на 21 ноември. Повеќе од 264.000 Руси, според официјалните бројки починале како последица на Ковид-19 од почетокот на пандемијата.