Втор круг претседателски избори во Бугарија

Гласање на вториот круг од претседателските избори во Бугарија

Во Бугарија денеска се одржува вториот круг од претседателските избори. На првиот круг од изборите, најмногу гласови доби актуелниот претседател Румен Радев, кој сега е независен кандидат поддржан од БСП.

„Продолжуваме со промената“ на двајцата поранешни привремени министри Кирил Петков и Асен Василев и партијата на ТВ водителот Слави Трифонов „Има таков народ“, а на второ место е независниот кандидат поддржан од ГЕРБ-СДС, ректор на Универзитетот во Бугарија, проф. Анастас Герџиков.

За Радев на 14 ноември гласаа 1.322.128 гласачи, а за Герџиков 610.710. Право на глас во Бугарија имаат 6.700.000 граѓани, кои ќе можат да го направат својот избор во речиси 13.000 избирачки места.

Бугарите кои живеат во странство ќе можат да гласаат во 751 место во 68 земји. На Балканот најмногу избирачки места има во Турција – 126, а во Северна Македонија ќе може да се гласа во Скопје, Битола, Охрид, Струмица, Кавадарци и Штип. Излезноста во првиот круг беше 40,5 отсто.