СЗО загрижена за ширењето на коронавирусот во Европа

Илустрација

Светската здравствена организација (СЗО) вели дека е „многу загрижена“ поради напливот на инфекции со коронавирус во Европа. Регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге говорејќи на Би-Би-Си предупреди дека до март може да се забележат околу 500.000 смртни случаи доколку не се преземат итни мерки.

Предупредувањето дојде откако Чешка и Словачка пријавија рекорден број на инфекции со Ковид-19 од почетокот на пандемијата. Клуге рече дека голем број фактори, вклучително и зимската сезона, недоволната покриеност со вакцини и регионалната доминација на високо преносливата варијанта Делта варијанта стојат зад ширењето во Европа.

Во изминатите денови, Австрија објави национален карантин кој започнува на 22 ноември, додека земји како што се Чешка и Словачка рекоа дека воведуваат нови ограничувања за луѓето кои не се вакцинирани против Ковид-19.