Американски конгресмени бараат Бугарија да го тргне ветото за С. Македонија

Писмото на американските конгресмени

Над 10 американски конгресмени од Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД во писмо до бугарскиот амбасадор во Вашингтон, Тихомир Стојчев бараат да се реши билатералниот спор меѓу Софија и Скопје за да може Северна Македонија да ги почне преговорите со Европската унија до крајот на годината.

„Се надеваме дека ќе ги ставите разликите настрана и ќе поддржите целосна политичка интеграција на Северна Македонија и Албанија во Европската Унија“, се вели во писмото на двопартиската конгресна група до амбасадорот.

Покрај тоа што Северна Македонија и Албанија ги исполнија условите да ги почнат пристапните преговори со Европската Унија, како што се наведува во писмото, останува спорот меѓу вашата држава и Северна Македонија, што ги спречува Албанија и Северна Македонија да ги почнат тие разговори. Според нив, натамошното одложување на напредокот на Скопје и Тирана кон ЕУ ќе фрли сомнеж врз заложбите на западните лидери и ќе отвори врата за антизападни политички влијанија во регионот, конкретно од Кина и од Русија.

„Веруваме дека евентуалното членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ е од клучно значење за долгогодишен мир и стабилност на регионот на Западен Балкан и за целата трансатлантска заедница“, се посочува во писмото од американските конгресмени.