Непоканети гости

БУГАРИЈА - Додека јас преговарам за влада, Северна Македонија нема да влезе во Европската унија ако ја избрише историјата на Бугарија, изјави Корнелија Нинова од бугарската Социјалистичка партија во интервју за Бугарската слободна телевизија.

ГРУЗИЈА - Стотици демонстранти денеска се собраа во главниот град на Грузија, Тблиси за да бараат пренесување на затворениот поранешен грузиски претседател Михаил Саакашвили во цивилна болница поради стравувањата за неговото здравје откако тој почна со штрајк со глад.

МАКЕДОНИЈА - Македонскиот претседател Стево Пендаровски кој денеска во Скопје го пречека неговиот полски колега Анджеј Дуда рече дека на својот гостин му изразил целосна солидарност и поддршка за надминување на ситуацијата со мигрантите кои се заглавени на границата меѓу Белорусија и Полска. Полскиот претседател даде поддршка за старт на преговорите на Македонија со ЕУ и нагласи дека е спремен да се ангажира акоСофија не покаже конструктивност во преговорите со Скопје.

САД - Американскиот претседател Џо Бајден во петок на 19 ноември накратко ќе ги пренесе претседателските овластувања на потпретседателката Камала Харис додека е под анестезија за време на претстојниот медицински преглед, објави Белата куќа. Американскиот претседател ќе биде под анестезија поради рутинска колоноскопија.

МАКЕДОНИЈА - Бугарската блокада на македонските евроинтеграции е инвестиција во антагонизам наместо во пријателство, рече вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров на дискусијата за политиката на проширување на ЕУ со Западниот Балкан што утрово се одржа во Мадрид.

МАКЕДОНИЈА - Новоизбраниот градоначалникот на Тетово Биљал Касами, кој скоро ја презеде градоначалничката функција, денеска обвини дека централната власт му врши политички притисок, откако утрото во Општина Тетово дошла финансиска полиција. Касами рече дека имале непоканети гости од Финансиската полиција.

ЕРМЕНИЈА / АЗЕРБЕЈЏАН - Ерменските власти тврдат дека шест ерменски војници се убиени во новите гранични судири со Азербејџан, кои избувнаа претходно оваа недела, но брзо беше постигнат прекин на огнот. Азербејџанската страна, пак, соопшти дека седум нивни војници се убиени, а 10 други се повредни во борбите кои се случија на 16 ноември. Двете страни меѓусебно се обвинуваат дека другата е виновна на судирите.

ПОЛСКА / БЕЛОРУСИЈА - Мигрантите кои се заглавени на границата меѓу Белорусија и Полска, на белоруска страна и во текот на ноќта се обиделе да ја преминат границата, но во помал број и помали групи, соопшти денеска полските власти. Претходно Белорусија расчисти дел кампови каде што луѓето се собраа на ниски температури, а стотици мигранти беа вратени назад во Ирак.

РУСИЈА - Рускиот претседател Владимир Путин испрати необичен апел до белорускиот авторитарен претседател Александар Лукашенко, да се вклучи во дијалог со опозицијата.