Касами обвинува дека централната власт му вриши притисок

Билал Касами, Беса

Новоизбраниот градоначалникот на Тетово Биљал Касами, кој скоро ја презеде градоначалничката функција, денеска обвини дека централната власт му врши политички притисок, откако утрото во Општина Тетово дошла финансиска полиција.

Касами смета дека станува збор за притисок од власта, оти станувало збор за предмет од пред десетина година. Касами доскоро беше дел од власта, но неговата партија Беса најави дека се повлекува во владејачкото мнозинство. Касами на градоначалничкото место дојде по два мандати владеење на Теута Арифи од ДУИ, исто така коалиционен партнер во власта.

„Во кризна ситуација во која се наоѓаме, кога менаџираме тековна ситуација, до денес не се исплатени плати затоа што сметката е блокирана, кога ние не успеваме да ја контролираме целата ситуација, непоканети гости имаме од финансиска полиција. Со некој повод за некое сомневање за времето кога градоначалник бил Сади Беџети. Јас тоа го ценам како политички притисок“, изјави Биљал Касами кој присуствуваше на одбележување годишнина на Универзитетот на Југоисточна Европа.