„Додека јас преговарам за влада, Северна Македонија нема да влезе во Европската унија ако ја избрише историјата на Бугарија“, изјави Корнелија Нинова од бугарската Социјалистичка партија во интервју за Бугарската слободна телевизија.
Таа вели дека имаат волја да формираат влада и да обезбедат мнозинство кое уште во првите денови ќе го усвои буџетот и ќе ги придвижи сите мерки за помош на луѓето и бизнисите, но, како што вели, има и луѓе кои сакаат преговарачкиот тим да ги исполни нивните барања. Таа вели дека си дала оставка, оти по тешката изборна загуба морала да преземе одговорност - морална и политичка.
Бугарската социјалистичка партија на Корнелија Нинова, освои 26 пратеници на парламентарните избори, трети по ред годинава. Во Собранието на Бугарија има 240 пратеници, а партијата „Продолжуваме понатаму“ има 67 пратеници. Досега „Продолжуваме понатаму“ преговараше со Бугарските социјалисти, со „Демократска Бугарија“ која има 16 пратеници и со партијата на ТВ водителот Слави Трифонов „Има таков народ“ која има има 25 пратеници. Сите заедно би имале мнозинство од 134 пратеници во Собранието кое брои 240 пратеници, што значи дека без социјалистите не би имало влада.
Таа вели дека води битка со внатрешната опозиција во партијата.
Нинова рече дека веќе имала две средби во Кирил Петков од партијата „Промените продолжуваат, која победи на изборите.
Иако македонските власти се оптимисти дека во декември, евентуално јануари Македонија може да ја одржи првата меѓувладина конференција со ЕУ, од бугарска страна велат дека нема наскоро да кажат „да“ за влез на Северна Македонија во ЕУ.