Холандската влада ги затвора училиштата поради ковид-19?

Во Холандија порастот на случаите на ковид-19 кај децата принуди половина од училиштата ширум земјата да ги затворат вратите

Виролозите во Холандија предложија продолжување на празниците во текот на Божиќ за да се забави порастот на случаите на ковид-19 кај децата што принуди половина од училиштата ширум земјата да ги затворат вратите. Ваквиот предлог, меѓу другите, ќе се најде на денешната седница на холандската влада. Националниот институт за здравје оваа недела објави рекорд од над 110.000 случаи, што претставува зголемување од 44 насто во однос на претходната недела. Најголем пораст има кај децата на возраст од 4-12 години. Инфекциите кај децата од основно училиште, од пет до девет години, скокнале за речиси 85 проценти.

Холандија и Шведска ги олеснија мерките за вакцинираните од Северна Македонија

„Одржувањето на основните училишта затворени подолго време е ефикасен начин да се држи вирусот под контрола“, изјави имунологот Гер Рајкерс, додавајќи: „Децата се фабрики за вируси и ги инфицираат возрасните“. Со целосно вакцинирање на речиси 85 отсто од возрасните, два последователни дена оваа недела беа регистрирани над 20.000 нови случаи на коронавирус, што е највисоко досега и што доведе до недостиг на тестови за ковид-19 во здравствените домови. Последниот бран започна откако владата го прекина социјалното дистанцирање и другите мерки во септември, одлука што оттогаш е сменета.