Рускиот претседател Владимир Путин испрати необичен апел до белорускиот авторитарен претседател Александар Лукашенко, да се вклучи во дијалог со опозицијата. „Има проблеми и ние сме целосно свесни за тоа. Повикуваме на дијалог меѓу властите и опозицијата во Белорусија“, рече Путин за време на говорот во Москва. Од август 2020 година, белорускиот режим ги задушува опозициските протести што избувнаа по претседателските избори на кои Лукашенко беше избран за шести мандат. Во тие протести загинаа неколку луѓе, додека неколку стотици беа уапсени или избегаа од земјата.
Лукашенко негира полициска злоупотреба и тортура
ЕУ се закани со нови санкции кон Лукашенко
Соединетите држави и Европската унија воведоа санкции против белоруските претставници и Лукашенко, но властите во Минск сметаат на финансиската и воено-политичката поддршка на Москва.Главниот противник на Минск, Свијетлана Циханускаја, која живее во егзил во Литванија, го поздрави повикот на Путин за дијалог, наведувајќи дека условите за дијалог не се исполнети.
„Немав контакт со Кремљ. Но, го поздравувам повикот за дијалог. Сепак, дијалогот не може да започне во затвор. Сите политички затвореници мора да бидат ослободени и насилството да престане“, рече таа. Според белоруската невладина организација „Вјасна“, во моментов во Белорусија има 873 политички затвореници.