Денеска во Мадрид ќе се одржи конференција на тема „Следното проширување на Европската унија: перспективи и пречки“ во организација на Кралскиот институт Елкано, Стратешкиот форум Блед и Словенечката амбасада во Шпанија. На конференцијата ќе се обрати и вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров.
Борел: разочарување на партнерите од Западен Балкан кога станува збор за проширувањето
Целта на овој собир, како што најавија организаторите, е стратешки да се разговара за процесот на проширување на ЕУ, причините за неговото забавување поради внатрешните противречности во самата Унија и поради недоволното решавање на преостанатите политички проблеми и безбедносни прашања на Западен Балкан. Регионот би можел да се фокусира врз забрзување на неопходните реформски процеси.
Совет на Европа: Време е ЕУ да ја забрза интеграцијата на Западен Балкан
На средбата ќе присуствуваат и високи претставници на Шпанија и Словенија, која претседава со Европската Унија. Во воведниот дел ќе се обратат Мачеј Поповски, вршител на должноста директор на Директоратот за соседство и преговори за проширување и Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на САД и специјален претставник на САД за Западен Балкан.