Партијата на двајцата поранешни привремени министри, Кирил Петков и Асен Василев „Промените продолжуваат“ добива 67 пратенички места и ќе ја има најголемата пратеничка група во новиот парламентарен состав, соопшти Централната изборна комисија (ЦИК) во Бугарија, откако ја одобри распределбата на мандатите.
Като што пренесува дописникот на МИА од Софија, второпласираната партија на експремиерот Бојко Борисов – ГЕРБ, заедно со својот коалициски партнер СДС ќе имаат 59 пратеници. Движењето за права и слободи ќе има 34 пратеници, Бугарската социјалистичка партија 26, а партијата на ТВ водителот Слави Трифонов „Има таков народ“ ќе има 25, додека „Демократска Бугарија“ – 16 пратеници, а најмал број пратеници ќе има популистичката „Препород“-13.
Во недела ЦИК на Бугарија треба да ги соопшти и имињата на новите пратеници.
Народното собрание во Бугарија има 240 пратеници.