Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека во Албанија нема да се гради бегалски камп за мигранти од Велика Британија. Тој вели дека нема можност на територија на Албанија да се „градат кампови за мигранти од богатите земји“.
Тој денеска одговараше на новинарско прашање во однос на пишувањата на британските медиуми дека Велика Британија ќе гради бегалски камп на албанска територија.
На пишувањата на британските медиуми за „тајни разговори“ на британската и албанската влада за изградба на бегалски камп реагираше и министерката за одбрана Олта Џачка, која на Твитер напиша дека тоа е лажна вест, но жално е што овој пат се нашла на страници на угледни весници како Дејли мејл и Тајмс!
Претходно, британски Дејли мејл напиша дека британското и албанското министерство за надворешни работи разговараат за отворање центар за азил во Тирана, за сместување бегалци, кои Франција одбива да ги прифати.