Со парични казни од 300 и 400 евра ќе се казнат неколку функционери и именувани лица, откако прекршочната комисија на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) им има изречено прекршочни пријави и соодветни глоби, соопштија антикорупционерите на денешната седница на Комисијата. Функционерите неподнеле или задоцниле со поднесување Анкетен лист од страна функционери и именувани лица,
Шемши Салаи, член на ДКСК, информираше дека еден од тие случаи е за поранешен пратеник во Собранието, кој ненавремено доставил анкетен лист до ДКСК и на кого од страна на прекршочната комисија му е изречена прекршочна санкција глоба од 300 евра.
За повеќе такви предмети кои беа запрени на седницата денеска од ДКСК, информираше и Горан Трпеноски, член на ДКСК, меѓу кои повторно за пратеник, кој по престанок на функцијата не поднел анкетен лист до Антикорупција, по што му е изречена глоба во износ од 400 евра.
Друг предмет се однесува на вршител на должност директор, кој по престанок на оваа функција не поднел анкетен лист до ДКСК и му е изречена глоба во износ од 300 евра. Утврдено е дека и други двајца директори, по престанок на функцијата не поднеле анкетен лист до ДКСК и им се изречени глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност за едниот, додека за другиот платена е половина од глобата.
„За сите предмети по прекршочен платен налог, а на кои не им е платено, а утврдена им е глоба од прекршочната Комисија, доколку не платат одат на присилна наплата преку УЈП“, појаснија од ДКСК.