Поради драматичното зголемување на бројот на новозаразени, идната германска влада, која ќе ја сочинуваат социјалдемократите, зелените и либералите, има намера да го заостри нацрт-законот за заштита од инфекции, со што би се вовеле остри мерки само за невакцинираните. Бундестагот за овој закон треба да го изгласа на денешната седница. Седумдневниот број на заразени во Германија, на 15 ноември, за прв пат надмина 300 на сто илјади жители.
И Чешка воведува мерки за невакцинираните
Зборувајќи за тоа какви мерки би можеле да се преземат, германскиот социјалдемократски пратеник Дирк Висе вели дека тоа се „значителни ограничувања за невакцинираните граѓани“ кои можеби ќе имаат ограничени контакти или ќе мора да работат од дома, а можно е да одат на работа или дури и да влегуваат во јавен превоз со негативен тест за коронавирусот.
СЗО: Расте смртноста од ковид во Европа
Трите партии се договорија и за воведување задолжителна вакцинација за одредени занимања. „Ќе бидат потребни задолжителни вакцини за старечки домови, градинки и слично. Ќе почнеме да работиме на таа мерка“, изјави шефицата на пратеничкиот клуб на Зелените, Кетрин Геринг-Екарт. Неколку германски провинции веќе го ограничија пристапот до ресторани, кина, музеи и концертни места само за оние кои биле вакцинирани или неодамна биле подложени на ковид-19.