Мерки и рокови

САД / РУСИЈА - Соединетите Држави денеска објавија дека ја додале Русија на црната листа на особено загрижувачки земји во однос на верските слободи.

ПОЛСКА / БЕЛОРУСИЈА - Белоруските власти со автобуси ги носат мигрантите, кои со денови се заглавени на границата меѓу Белорусија и Полска, во обид да влезат во ЕУ, соопштија денеска полските власти.

МАКЕДОНИЈА / ЕУ - Фокусот за договор со Софија за надминување на разликите е на декември, но периодот е краток и затоа не се исклучува и јануари како опција за датум за почеток на преговорите на земјава со ЕУ, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

ЧЕШКА - Чешките власти од понеделник ќе им забранат на невакцинираните граѓани да присуствуваат на јавни настани и да имаат пристап до јавни услуги, изјави денеска чешкиот премиер, Андреј Бабиш.

ШВАЈЦАРИЈА - Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројот на смртни случаи во Европа се зголемил за 5 отсто минатата недела и дека Европа е единствениот регион во светот со зголемување на смртните случаи од Ковид-19.

МАКЕДОНИЈА - Дваесет и пет отсто од бебињата родени во Македонија се родени предвреме. Смртноста на предвреме родените бебиња е намалена и од 25 проценти во 2016 сега изнесува 8,9 отсто, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција по повод Меѓународниот ден на предвреме родените бебиња - 17 ноември.

МАКЕДОНИЈА - Наставата со физичко присуство продолжува, изјави денеска министерката за образование Мила Царовска. Тоа вели дека состојбата со коронавирусот во училиштата е стабилна и сѐ додека е така останува првото сценарио, односно настава со физичко присуство. Ако пак состојбата се влоши тогаш во координација со Комисијата за спречување заразни болести и со Министерството за здравство ќе се воведат други сценарија.

МАКЕДОНИЈА - Четворица авганистански новинари, кои биле во опасност од новите власти во Авганистан, утринава пристигнале на Меѓународниот аеродром Скопје, информираше прес-службата на Владата.