Секое четврто бебе во земјава е предвреме родено

Бебе во инкубатор

Дваесет и пет отсто од бебињата родени во Македонија се родени предвреме. Смртноста на предвреме родените бебиња е намалена и од 25 проценти во 2016 сега изнесува 8,9 отсто, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција по повод Меѓународниот ден на предвреме родените бебиња – 17 ноември.

Викторија Јовановска, директорка на Гинеколошко-акушерска клиника рече дека најмало предвремено родено бебе во државава е родено во 23 гестациска недела. А имало бебе родено во 24 гестациска недела кое имало родилна тежина од 480 грама, што е најмала тежина на бебе забележана во државата.

Таа дополни дека овој ден се одбележува и со цел да се обрне внимание на превентивата на бремените жени, бидејќи, како што кажа, тоа е најважно за да се намали процентот на предвремено родени деца.