Наставата со физичко присуство продолжува, изјави денеска министерката за образование Мила Царовска. Тоа вели дека состојбата со коронавирусот во училиштата е стабилна и сѐ додека е така останува првото сценарио, односно настава со физичко присуство. Ако пак состојбата се влоши тогаш во координација со Комисијата за спречување заразни болести и со Министерството за здравство ќе се воведат други сценарија.
Министерката вели под 1 процент е бројот на позитивни и активни случаи во училиштата, а над 75 отсто од наставниците се вакцинирани.
Во однос на барањето од Прогресивниот синдикат за образование при ССМ до МОН да им се дозволи на наставниците на наставнички совети сами да може да одлучуваат за моделот на настава – физичко присуство или онлајн од 1 декември до 31 март, поради сезоната на грип, состојбата со ковид-19, а и поради енергетската криза, Царовска одговори дека поради стабилната ковид-состојба во најдобар интерес на учениците е училиштата да останат отворени.