Американскиот производител на лекови Фајзер постигна договор со организација поддржана од ОН да дозволи нејзината експериментална пилула против ковид-19 да биде достапна поевтино во земјите во развој. Во соопштението објавено на 16 ноември, Фајзер наведува дека ќе додели лиценца на Medicines Patent Pool (MPP), што ќе ѝ овозможи на организацијата да произведува антивирусни пилули со производители на генерички производи.
Фајзер очекува годинава да заработи 36 милијарди долари од продажба на вакцини
Според договорот, Фајзер нема да добива хонорари од производителите, што го прави третманот поевтин. Фајзер најави дека договорот ќе се однесува на 95 земји со низок и среден приход, што покрива околу половина од светското население.
Србија потпиша договор со Фајзер за антивирусен лек
Претходно овој месец, Фајзер соопшти дека податоците покажале оти оралниот антивирусен лек го намалил за 89 насто ризикот од хоспитализација или смрт поврзана со ковид-19 кај возрасни лица со висок ризик заразени со вирусот. „Веруваме дека оралните антивирусни третмани можат да играат витална улога во намалувањето на сериозноста на инфекциите со ковид-19, намалување на оптоварувањето на нашите здравствени системи и спасување животи“, рече извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла. Фајзер, исто така, ја произведува една од најкористените вакцини против ковид-19 со германската компанија Бионтек.