Полициска операција се одвивала во подрумот во скопскиот Градски трговски центар, каде што бил извршен претрес на магацинските, односно подрумските простории. Од Министерството за внатрешни работи велат дека денеска попладне скопјанец пријавил дека во магацините на ГТЦ „имало поставено машини за копање крипто валути", односно дека поради наводна интернет трговија со крипто валути, извесни лица извршиле кражба на електрична енергија, со цел да го опслужат неопходниот капацитет на нивните компјутерски машини неопходни за трговија со крипто валути.
„Полициски службеници веднаш излегоа на лице место согласно пријавата, извршија разговори со одговорни лица на ГТЦ и со претставници од ЕВН, при што утврдија дека за броилата, кои се во приватна сопственост , не е утврдена било каква кражба на електрична енергија, по што е утврдено дека не постојат елементи за сторено кривично дело, казниво согласно Кривичниот законик“ се вели во одговорот на МВР.
Во продолежение е наведено дека во август 2021 година по претходно добиен оперативен податок за истото кривично дело „кражба на електрична енергија", исто така е постапувано од страна на полицијата на истата локација и не е констатирана кражба на електрична енергија ниту се лоцирани компјутери за копање на крипто валути. Имено, копањето на крипто валути не претставува кривично дело предвидено во кривичниот законик на Северна Македонија.
Македонските медиуми јавуваа за зголемено полициско присуство во подрумските простории.
„Копањето“ криптовалути се врши преку компјутери, но за целиот процес е потребна соодветна опрема, како и значителна потрошувачка на електрична енергија.