Претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами вели дека ниту еден пратеник од неговата партија нема да остане дел од сегашното парламентарното мнозинство. Тој во изјава за емисијата „200“ на Телевизија Алсат посочува дека партиските органи одлучиле и Беса е дел од опозицијата.
„Пратениците на Движењето Беса, со својата слободна волја се во оваа позиција, дел од опозицијата согласно преземените одлуки од партијата. Додека не се случи некаква ситуација како што се случи, јас имам целосна доверба кон двајцата пратеници на Беса, како што имав целосна доверба кон тројцата. Тоа што и понатаму останува како став на Движењето Беса е падот на Владата. Од моментот кога ќе падне Владата, проценуваме дека ќе се создаде сосема нова ситуација, сосема поинакво мнозинство, многу постабилно од оваа што е дискутабилна и оценувам дека на земјата и е потребна политичка влада која ќе ја забрза интеграцијата кон ЕУ“ изјави тој.
Касами не ја исклучува можноста за идна соработка ниту со СДСМ, ниту со ВМРО-ДПМНЕ, но вели дека тоа треба да биде врз основа на договор за да се работи на напредокот на земјата кон ЕУ.
Категорично ја исклучува можноста да бидат дел од Влада каде што би била и ДУИ. Соработката со албанските опозициски партии ја сметаат за неопходен оперативец.