Европскиот суд за правда донесе одлука со која и пресуди на Унгарија. Според неа Унгарија ги правилата на ЕУ кога го прогласи за кривично дело актот на поединци или организации да им помагаат на мигрантите и бегалците во аплицирање за азил.
Денешната одлука на Европскиот суд на правдата е последната издадена од судот против мерките со кои десничарската влада на премиерот Виктор Орбан, како што вели, ја бранат ЕУ од илегалната имиграција.
Унгарската влада во 2018 година воведе закон со кој се третира како прекршок да им се помогне на луѓето да аплицираат за азил. До ова дојде откако Унгарија подигна жичана бариера на границата со Србија и Хрватска во 2015 година. Тоа следуваше откако над милион луѓе кои кои бегаат од конфликтот во Сирија, влегоа во ЕУ по познатата „балканска рута“.
Орбан, кој во своето владеење ја таргетира работата на американско-унгарскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос, го обвини Сорос дека ги охрабрува мигрантите за движење кон ЕУ.
Во соопштението на европскиот суд наведе дека со законодавството од 2018 година, познато како закони „Стоп на Сорос“, е прекршено правото на ЕУ. Европскиот суд на правдата смета дека Унгарија не ги исполнила своите обврски кон ЕУ „со криминализирање, во своето национално законодавство, дејствијата на секое лице кое, во врска со организациона активност, обезбедува помош во однос на поднесување или поднесување барање за азил на нејзина територија“.
Судот со седиште во Луксембург смета дека унгарското законодавство го ограничува „правото на пристап до барателите за меѓународна заштита и правото на комуникација со тие лица“, како и правото на самите мигранти да се консултираат со правен советник или советник.
Организацијата за заштита на човекови права Амнести интернешенел ја поздрави пресудата. Во нејзиното соопштение е посочено дека со пресудата се „испраќа недвосмислена порака дека кампањата на заплашување на унгарската влада, насочена кон оние кои се залагаат за правата на бегалците и барателите на азил не може и нема да се толерира“.