Скопје - Белград - Ливерпул

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека дефиницијата за целосно вакцинирани ќе треба да се прилагоди, за да ја вклучи трета или засилена доза од вакцината против Ковид-19.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Експлозијата во такси пред болница во Ливерпул, во која загина човек, е предизвикана од бомба од домашно производство и се третира како терористички инцидент, соопшти британската полиција.

ЕУ - Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел изјави дека сакаат првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија да се одржи што е можно поскоро, изразувајќи надеж дека тоа ќе биде за време на ова претседателство на ЕУ до крајот на оваа година.

БЕЛГИЈА - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повика Русија да биде транспарентна за нејзините воени активности, во услови на како што рече голема и невообичаена концентрација на руски сили блиску до границите на Украина во последните неколку недели.

СРБИЈА - Претседателот на Србија Александар Вучиќ одржа средба со членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик, на која рече дека Србија секогаш ќе го поддржува Дејтонскиот мировен договор и неговиот Устав, како и нивното целосно спроведување.

МАКЕДОНИЈА - Премиерот Зоран Заев во текот на денот имал комуникација со претседателот на Алтернатива Африм Гаши, на која побарал од него да избере ден кога сака да имаат средба околу можноста Алтернатива да стане дел од парламентарното мнозинство и Владата.

СРБИЈА - Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека Србија не сака членство во НАТО, но дека настојува да одржува дијалог и соработка. На отворањето на Роуз-Рот семинарот на Парламентарното собрание на НАТО во Белград, Брнабиќ рече дека соработката меѓу Србија и НАТО во изминатите години била добра.