Претседателот на Србија Александар Вучиќ одржа средба со членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик, на која рече дека Србија секогаш ќе го поддржува Дејтонскиот мировен договор и неговиот Устав, како и нивното целосно спроведување.
„Додик истакна дека на Република Српска со години и се одземани надлежностите што и припаѓаат според Дејтонскиот договор и дека РС мирно ќе се залага за враќање на правата и правдата предвидени со Уставот“, соопшти денеска Српското претседателство.
Како што е наведено, Вучиќ и Додик размениле мислења за сите актуелни прашања во регионот, како и за сите заеднички проекти во кои учествуваат Србија и Република Српска.
Вучиќ најави дека Србија ќе продолжи со уште позначајна поддршка за општините Невесиње, Костајница, Дубица и Дрвар, но и со понатамошни инвестиции во образовната и здравствената инфраструктура во сите делови на Република Српска.
Колегиумот на Собранието на Република Српска - еден од двата ентитета во БиХ, на седницата одржана на 12 ноември усвои Нацрт-дневен ред кој содржи информација за пренесување на надлежностите.
Датумот за одржувањето на вонредната седница ќе биде договорен на Колегиумот по редовната седница на Собранието на Република Српска што почнува на 24 ноември.
Според Уставот на БиХ, ентитетите на Република Српска и на Федерацијата БиХ не можат самостојно да ги вратат надлежностите кои и беа пренесени на државата во претходниот период.