Во градинките изминатата недела повеќе разболени вработени, отколку деца

Детска градинка

Во изминатите седум дена во градинките во земјава регистрирани се пет новозаразени дечиња и 21 вработено лице. Тоа говори дека состојбата со ковид пандемијата во градинките е стабилна и дека тие се безбедно место за згрижување на децата од нула до шестгодишна возраст, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска за Утрински брифинг.

Според неа, вработените во градинките покажале висока свест и одговорност, за што говори високиот процент на вакцинирани, односно 80 отсто од воспитувачите и 78 проценти од негователи веќе се имунизирани.

Во градинките во моментот има 21 илјада деца.