Кирил Петков, копретседател на коалицијата „Промената продолжува“ која победи на парламентарните избори во Бугарија, во интервју за БНТ коментира дека неговата партија има категоричен став за тоа што треба да се направи во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Според Петков, треба да се формираат работни групи од двете земји – Бугарија и Северна Македонија, во кои, според него, треба да бидат вклучени не само историчари, туку и луѓе од бизнисот, културата и образованието. Работните групи нема да разговараат само за историјата, туку и за се што може да го поправи добрососедски односи меѓу Бугарија и Северна Македонија.
Османи во Брисел ќе има средба со бугарскиот министер Стоев
Петков вели дека не е нормално ако некој сака со авион да стигне во Скопје, да поминува низ Виена, ниту пак е нормално да нема железничка врска што ги поврзува двете земји. Според него, не е нормално и бугарскиот бизнис полесно да работи во Австралија отколку во Македонија, а истото важи и за македонскиот бизнис. „Треба да почнеме да зборуваме за сите аспекти на добрососедските односи кои можат да имаат корист од тоа“, вели Петков. Тој смета дека работните групи треба да имаат јасни цели и да се состануваат еднаш месечно, а не на шест месеци.
Радев - Почетокот на преговорите зависи од Македонија, а не од следната бугарска влада
Кирил Петков не одговори на директното прашање на БНТ дали Бугарија треба да го тргне ветото за Северна Македонија на 14 декември, велејќи дека е невозможно да се зборува за конечни резултати без работен процес и додаде дека овој процес ќе биде највисок приоритет на идното раководство на Министерството за надворешни работи на Бугарија, за да не се губи време. „Не можеме да кажеме овој или оној датум без да видиме како се одвива овој процес. Сакаме да почнеме со добрососедство, добра волја и се надевам дека со многу конструктивност ќе се најде начин да се постигнат многу подобри резултати од досегашните“, изјави Петков. Тој потврди дека биде кандидат за премиер на Бугарија од името на коалицијата „Продолжуваме со промената“, а Асен Василев е најдобар кандидат за министер за финансии. Петков рече дека „Продолжуваме со промените“ нема да разговара со ДПС и ГЕРБ, туку ќе преговараат за коалиција со „Демократска Бугарија“, БСП и со „Има таков народ“. Идната влада на Бугарија мора да има целосен мандат, смета Петков.