Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје го победи Исланд со 3 – 1, и избори пласман во баражот за Светското првенство во 2022 година во Катар.
Македонија поведе во седмата минута со голот на Езџан Алиоски. Исланд израмни во 54 минута со голот на Јон Торстејнсон, по што следеа два гола на Елиф Елмас во 56 и 85 минута за конечни 3 – 1.
Во 40-тата минута, после употребата на ВАР технологија, му беше поништен гол на Дарко Чурлинов поради офсајд.
Македонија ги заврши квалификациите на второто место во групата Ј со 18 бодови, еден повеќе од третопласираната Романија, која денеска на гости го победи Лихтенштајн со 2 – 0.
Германија претходно обезбеди директен пласман на Мундијалот, а денеска во Ереван ја победи Ерменија со 4 - 1.
Германија е прва на табелата со 27 бодови, Ерменија е четврта со 12, Исланд има 9, а Лихтенштајн е последен во групата со 1 бод.