Владата му префрлила 65 милиони евра на ЕСМ за набавка на струја

Илустрација

Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека од буџетот веќе му се префрлени 4 милијарди денари, односно околу 65 милиони евра, на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) за обезбедување дополнителни количества електрична енергија, вклучително и балансна енергија.

Во интервју за МИА, Бесими вели дека состојбата се следи и оти очекувањата се дека ситуацијата на глобално ниво ќе се стабилизира најдоцна до средината на наредната година.

Македонија пред неколку дена прогласи кризна состојба во енергетиката за да може да се справи со недостигот на струја.