Во Ниш продолжуваат работните средби во рамки на иницијативата Отворен Балкан, во која членуваат Србија, Македонија и Албанија.
Српскиот министер за финансии Синиша Мали на Инстаграм профилот напиша дека со своите колеги од Скопје и Тирана работат на конкретни договори со цел посилно поврзување, олеснување на протокот на стоки, услуги и луѓe, како и на отстранување на пречките за развој и напредок.
Вчера во Ниш, започна дводневната средба на повеќе од 160 претставници на влади, државна администрација, институции и стопански комори на Србија, Албанија и Македонија. Земјава ја преставува заменик-министерот за земјоделство Трајан Димковски.