Бомби и прослави

МАКЕДОНИЈА - Претседателот на Движењето Беса Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека го исклучил од партијата Кастриот Реџепи, пратеникот кој вчера не се појави во Собранието кога беше поднесена интерпелација за Владата, иако беше потпишан на иницијативата, поради што пропадна обидот да се урне Владата. Касами вели дека Реџепи со потегот што го направил постапил спротивно на партиската одлука.

МАКЕДОНИЈА - Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во октомври се зголемени за 200 денари во однос на септември, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија. ССМ секој месец ја изработува синдикалната потрошувачка кошничка и според нивните податоци синдикалната минимална кошничка во октомври изнесувала 34.584 денари.

МАКЕДОНИЈА - Најмалку две лица загинаа, а повеќе од десетина други беа ранети при експлозија во џамија во источната авганистанска провинција Нангархар. Експлозијата се случи за време на петочната молитва во селото Тарела во областа Спин Гар во Нангархар.

ЛИТВАНИЈА - Судот во Литванија донесе осудителна пресуда за двајца државјани по обвинение дека шпионирале за Русија. Станува збор за Алексејус Грејциус кој е осуден на четири години затвор и Миндаугас Туникаитис кој одби 18 месеци затвор, откако Судот во поранешната советска република Литванија ги прогласи за виновни за собирање податоци за руската Федерална служба за безбедност.

ГРУЗИЈА - Стотици приврзаници на затворениот поранешен грузиски претседател Михаил Саакашвили излегоа на протести во главниот град. Тие бараат политичарот да биде префрлен во приватна болница надвор од затворскиот систем бидејќи неговото здравје е нарушено поради штрајк со глад.

МАКЕДОНИЈА - Изјава дека не бил исчезнат денеска во полиција дал пратеникот од Беса Кастриот Реџепи. Тој своеволно дошол во полициска станица и кажал дека никогаш не бил исчезнат, туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитетот поврзан со собраниската седница, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

ЕУ - Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ ќе одржат состанок в понеделник на кој ќе разговараат за состојбите во Западен Балкан. Посебен акцент ќе биде ставен на Босна и Херцеговина и на односите меѓу Србија и Косово.

ЦРНА ГОРА - Поради влошување на епидемиолошката состојба во Црна Гора, забрането е да се организираат новогодишни прослави на отворено, како и концерти и масовни собири, соопшти црногорската министерка за здравство Јелена Боровиќ-Бојовиќ. Мерките ќе бидат во сила од 15 ноември.