Претседателот на Движењето Беса Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека го исклучил од партијата Кастриот Реџепи, пратеникот кој вчера не се појави во Собранието кога беше поднесена интерпелација за Владата, иако беше потпишан на иницијативата, поради што пропадна обидот да се урне Владата. Касами вели дека Реџепи со потегот што го направил постапил спротивно на партиската одлука.
- Реџепи се појави- тврди дека му се заканувале сопартијци
- Кастриот Реџепи во полиција дал изјава дека не бил исчезнат
„Постапи спротивно на одлуката на партијата во кој случај сериозно го нарушил и престижот на партијата, Движењето Беса, односно јас како претседател на партијата, согласно статутарните норми, односно член 14 став 3 точка 3.3 од Статутот на Движењето Беса, го исклучив гореспоменатиот член од сите партиски функции и тој не е повеќе член на Движењето Беса“, напиша Билал Касами.
Пратеникот Кастриот Реџепи преку социјалната мрежа Фејсбук најави дека во понеделник ќе одржи прес-конференија на која ќе образложи за неговите постапки и недоаѓањето на седницата во Собранието.