Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ ќе одржат состанок в понеделник на кој ќе разговараат за состојбите во Западен Балкан. Посебен акцент ќе биде ставен на Босна и Херцеговина и на односите меѓу Србија и Косово.
Нема да бидат усвоени заклучоци за регионот, туку ќе се разгледуваат идеите подготвени од Кабинетот на Жозеп Борел, високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ. Идеите имаа за цел да се зајакне присуството и ангажирањето на европските институции во регионот.
Во документот до кој РСЕ имаше увид се наведува дека политичката ситуација на Западен Балкан во последните неколку месеци е сè попредизвикувачка.