Борисов - ЕУ ќе ја понижи Бугарија за да и даде зелено светло на С. Македонија

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов

ЕУ ќе ја понижи Бугарија со цел Северна Македонија да добие зелено светло за почеток на преговорите и сето тоа е поради неуспешната надворешна политика на Румен Радев, изјави поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов.

Борисов за Нова ТВ се повикал на францускиот претседател Емануел Макрон, дека до декември Северна Македонија треба да почне преговори, што, според него, значи оти ЕУ ќе ја принуди Бугарија да направи отстапки. Сето тоа, според Борисов е поради претседателот на земјата, Радев, кој, како што вели ги поделил партите во земјата.

Почнувањето на преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ за блокирани од страна на Бугарија од декември 2019 година.