Путин ја повика ЕУ да започне дијалог со Белорусија

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика ЕУ повторно да воспостави контакт со Белорусија со цел да се реши мигрантската криза на полско-белоруската граница, објави Кремљ. Брисел ја обвинува Белорусија дека организира мигрантска криза на границата со Полска. Во телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, втор за два дена, Путин ја истакна важноста од што поскоро решавање на сериозната мигрантска криза и дека тоа може да се направи „со повторно воспоставување контакти меѓу земјите од ЕУ и Белорусија“, се вели во соопштението на Кремљ.

Дали Русија е вмешана во мигрантската криза меѓу Белорусија и ЕУ?

Европските земји досега одбиваа какви било разговори со Минск, и покрај зголемената загриженост од меѓународната заедница за мигрантската криза. Европејците со недели го обвинуваат белорускиот претседател Александар Лукашенко дека ја подгрева кризата со тоа што им издава визи на мигрантите и ги носи на граница како одмазда за европските санкции.

Путин и Лукашенко разговарале за ситуацијата на белоруско-полската граница


Путин и Меркел вчера разговараа и за конфликтот во Украина. Според Кремљ, рускиот претседател го привлекол вниманието на Ангела Меркел на „дестабилизирачкиот карактер на провокативните дејства на американските вооружени сили и другите земји на НАТО во Црното Море“.