Комунистичката партија на Кина го заврши состанокот кој кулминира со резолуција што го консолидира авторитетот на претседателот Си Џиопинг, една година пред, како што се очекува, тој да го обезбеди третиот мандат како лидер на партијата. Шестиот пленум на Централниот комитет, група од околу 370 партиски членови кои ги избираат своите нови лидери на секои пет години, од понеделник заседаваше зад затворени врати во Пекинг.
Кинескиот претседател Си е подготвен да соработува со Вашингтон
Кина против воените врски на САД и Тајван
„Историската резолуција“, само трета на партијата од нејзиното основање во 1921 година, официјално се однесува на нејзините достигнувања во текот на 100 години, но исто така го поддржува авторитетот на Си како „јадро на партијата“ и дополнително ја зајакнува неговата контрола врз власта. Претходните две историски резолуции беа во 1945 и 1981 година и имаа ефект на консолидирање на авторитетот на водачите Мао Це Тунг и Денг Ксијаопинг. Си Џиопинг се смета за најмоќниот кинески лидер од Мао Це Тунг.