Западните земји во ОН ја осудија Белорусија за организираната инструментализација на мигрантите

Мигранти во шаторски камп на белоруско-полската граница

Членовите на Советот за безбедност на ОН од Европа и Америка во заедничка декларација ја осудија „организираната инструментализација на луѓето“ од Белорусија на границата со Полска со намера „да се дестабилизира надворешната граница на Европската унија“. По вонредната седница на Советот за безбедност на ОН за ова прашање, одржана зад затворени врати, шест земји (САД, Естонија, Франција, Ирска, Норвешка и Британија) во декларацијата оценија дека целта на Белорусија е „дестабилизација на соседните земји“. и „да го оттргне вниманието од сопственото растечко кршење на човековите права“.

Дали Русија е вмешана во мигрантската криза меѓу Белорусија и ЕУ?

Итната седница ја свикаа Естонија, Франција и Ирска. Сесијата траеше нешто повеќе од половина час. Во декларацијата не се споменува Русија, која ја поддржува Белорусија од почетокот на кризата. Пред седницата, заменик-амбасадорот на Русија во ОН, Дмитриј Полјански, ги отфрли обвинувањата дека Русија и Белорусија им помагаат на мигрантите да ја преминат белоруско-полската граница. Рускиот заменик амбасадор оцени дека е „срамно“ барањето на Европејците за тоа да се разговара во Советот за безбедност.