Реакции по вчерашната седница за доверба на владата

Собрание на Република Северна Македонија

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби изјави дека синоќа „победи евроатлантска Македонија, победи напредна Македонија. Победи Македонија со добрососедски односи. Македонија во добри пријателски односи со САД, со ЕУ, Македонија во добри односи помеѓу заедниците“. Тој порача дека со ова парламентарно мнозинство останува загарантирана интеграцијата во Европската унија. Прашан дали „Алтернатива“ е новиот партнер, Груби рече дека добредојдени се сите кои посакуваат земјата да е интегрирана во ЕУ, да има добрососедски односи, мир и стабилност.

Џафери ја затвори собраниската седница, Владата преживеа

За пратеникот Кастриот Реџепи, кој вчера не се појави во Собранието на поради што немаше кворум да започне седницата на Собранието и не ѝ беше изгласана недоверба на владата, Груби рече дека го познава долги години и дека знае какви се неговите лични убедувања. „Тој е еден непоправлив атлантист кој верува во Вашингтон, верува во ЕУ и со вредностите што ги негува всушност тоа го докажа денеска и на дело со тоа што не гласаше заедно со едно наводно парламентарно мнозинство кое што е анти НАТО, анти ЕУ, анти Охридскиот договор, анти Преспанскиот договор, анти добрососедските односи, анти интегрирана Република Македонија. Убеден сум дека Кастриот Реџепи е добар заедно со неговото семејство и среќен затоа што вечерва победи евроатлантска Македонија“, изјави Груби.

Реџепи се појави- тврди дека му се заканувале сопартијци

Од Алијанса за Албанците пак наведуваат дека „сегашниот режим се самопотврди“.„Денеска конечно беше делегитимиран хибридниот режим СДСМ-ДУИ, додека сега нема законитост со само 59 гласа и пратеник кој се уште е во мистериозни околности. Денеска се потврди дека граѓаните и опозицијата имаа право кога инсистираа на рушење на овој режим кој се повикува во ЕУ со антиевропски механизми“.

Апасиев-опозицијата треба да почне со протести, блокади и парализа на Собранието

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши во изјава за Телевизија 21 наведе дека Алтернатива никогаш нема да биде дел од една влада која не ги прокламира јасно – евроатлантскиот курс и политиките на добрососедството. Тој, исто така, посочи дека нема да влезат во Влада која нема да го реши спорот со соседна Бугарија. „Во партијата имаме разговарано само за гласање на недоверба на Влада. Тоа денеска не помина. За да биде Алтернатива дел од некоја Влада ќе треба да разговараме во партијата, но морам да напоменам – нема Влада со партии кои немаат јасна цел, а тоа е ЕУ, НАТО и политиките на добрососедство“. Тој додава дека немаат забелешки за СДСМ. – Оваа Влада Македонија ја внесе во НАТО и има големи аспирации да стане дел од Европската Унија. Тие имаат заслуги за членството на државата во НАТО. Имаат заслуги и за европската агенда, порача Гаши, наведувајќи дека Алтернатива не е за брзи избори, бидејќи, како што вели, народот веќе е изморен од одржување избори секоја година едноподруго.