Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пристигна во Собранието, каде требаше да почне седницата за гласање недоверба на Владата.
Мицкоски пред медиумите не сакаше да ги коментира последните случувања во законодавниот дом. Седницата на која треба да се расправа и да се гласа за Иницијативата за доверба на Владата не може официјално да биде отворена и да биде изгласан дневниот ред, бидејќи нема кворум, откако беше констатирано дека во салата нема доволен број пратеници.
Пратениците од владејачките партии СДСМ и ДУИ не присуствуваа во салата, а не дојде ни Кастриот Реџепи од Беса, кој најави дека нема да учествува на собраниската седница. Со тоа, опозициските пратеници заедно со уште двајцата пратеници од Беса се 60, а за кворум се потребни 61 пратеници.
Мицкоски информира дека досега бил на часови на факултет и оти на лице место ќе ја дознае вистината за тоа што се случило.
На прашање од ТВ 21 дали ќе се најде друг пратеник на местото на Кастриот Реџепи „кој се премисли“, Мицкоски само го спореди пратеникот со Амди Бајрам.